1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД – Ирак - повлекување

*

Главниот командант на американските сили за Ирак, генералот Дејвид Петреус, најави можно редуцирање на воените сили и тоа од март наредната година. Ангажманот на американската армија има граници, порача Петреус, кој деновиве треба да му поднесе извештај за сосотојбата во Ирак на американскиот Конгрес.

Американскиот Завод за статистика пак оцени дека напорите за стабилизирање на Ирак не напредуваат во доволна мера. Во извештајот се критикува владата на ирачкиот премиер Нури ал Малики како неспособна. Експертите во извештајот исто така прашуваат што се случило со 10-те милијарди долари американската економска помош за Ирак.