1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД имаат уште 36 часа да се спасат од банкрот

По Грција, Португалија и Ирска, сега и најголемата сила во светот се соочува со опасноста од банкрот. По пет рунди преговори, републиканците и демократите во САД не се договорија околу намалувањето на националниот долг

default

Обама на средба со републиканските и демократските претставници

„Дојде времето за носење одлуки“, порачува Обама. Американскиот претседател бара „конкретен проект“, со цел преговорите меѓу двете политички сили во САД да излезат од ќорсокак. Според учесници во разговорите, за денеска не е закажана нова средба. Претседателот им дал на преговарачите рок од 36 часа, во кои тие би требало уште еднаш да ги преиспитаат своите позиции. Обама најави прес-конференција во текот на денот, а можно е новата рунда разговори да се одржи викендов.

Американскиот претседател, кој се кандидира за втор мандат, претходно ја отфрли идејата за привремено подигање на границата за задолжување. Тоа би значело дека идната година САД повторно би се нашле во истата ситуација како сега. „Никогаш нема да потпишам краткорочни решенија“, категоричен е Обама.

Во американскиот Конгрес веќе со месеци се води жестока дебата околу подигањето на максималната граница на задолжување, што моментално изнесува 14,3 илјади милијарди долари. Таа сума беше надмината уште кон средината на мај, но владата успеа со неколку трикови да добие време до 2. август. Но, доколку дотогаш не биде постигнат договор, САД би биле практично инсолвентни. Притисокот врз републиканците и демократите е уште поголем, откако двете водечки агенции за рејтинг „Мудис“ и „Стандард и пурс“ се заканија дека ќе го намалат кредитниот рејтинг на супер-силата.

Се заканува нова рецесија

Американскиот министер за финансии, Тимоти Гајтнер, вчера предупреди на

US-Finanzminister Geithner

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер

„катастрофалните последици“ за стопанството, доколку САД навистина банкротираат:

„Времето истекува. Очите на цела држава и на цел свет се вперени во нас и мораме да испратиме сигнал на единство. Мораме да покажеме дека можеме да ги преземеме сите чекори, неопходни да избегнеме пораз.“

Опозициските републиканци би дозволиле нови задолжувања само доколку истовремено се донесе и план за драстично штедење. Демократите, пак, сакаат да воведат поголеми даноци за богатите, што републиканците категорично одбиваат. И шефицата на парламентарната група на демократите во Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ја подвлекува сериозноста на состојбата:

„Проблемот навлегува во приватната сфера и има големо влијание врз сите семејства во Америка“, нагласи поранешната спикерка на Конгресот.

И првиот човек на американската емисиона банка, Бен Бернанке, предупреди дека економијата може да западне во огромна рецесија доколку законодавците и претседателот Обама не можат да се договорат за позајмувањето до 2. август.

Автор: Трајче Тосев/дв

Редактор: Борис Георгиевски