1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД: изјавите на Путин вознемирувачки

*

САД ги отфрли споредбите на рускиот претседател Владимир Путин дека плановите за американскиот антиракетен штит во Европа се слични со кубанската ракетна криза од 1960 година. Вашингтон објасни дека има голема разлика меѓу одбрамбениот систем на САД кој е наменет за земји како Иран, и руското стационирање на атомски ракети на Куба насочени кон Америка. За американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс изјавите на Путин се вознемирувачки. Путин по самитот ЕУ Русија изјави дека Русија сега се наоѓа во слична ситуација како САД во 60-те години. Кубанската криза го донесе светот на раб на атомска криза, но за среќа Москва ги повлече ракетите.