1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД за членство на Грузија во НАТО

САД ја демонстрираат нескршливата солидарност со грузискиот претседател Михел Саакашвили – Вашингтон се залага повеќе од било кога досега за членство на Грузија во НАТО.

default

Заменикот американски претседател Чејни кај грузискиот претседател Саакашвили

Пораката од Вашингтон во грузискиот главен град ја пренесе американскиот потпретседател Дик Чејни. „САД го подржуваат акциониот план на Ггрузија за прием во НАТО и нејзиното идно членство во Алијансата. Ние сме многу задоволни од неодамнешното востановување Совет НАТО – Грузија, оти на Самитот во Букурешт беше решено дека Грузија ќе биде дел од Алијансата“.

Русија е против прием на Грузија во НАТО. Претседателот на парламентот Борис Гризлов вчера ја критикуваше планираната седница на Советот НАТО – Грузија по две недели во Тбилиси. По грузискиот акт на агресија против Јужна Осетија тешко е да се прифати тоа, рече Гризлов.

САД веќе и’ дадоа хуманитарна помош на Грузија во износ од 30 милиони долари, соопшти Чејни и го повтори ветувањето на претседателот Џорџ Буш за помош за обнова во износ од една милијарда долари. Чејни искажа пофалби за грузискиот претседател Саакашвили, кого Русија веќе не може да го замисли и натаму како шеф на државата, а и самите Грузијци, засега се’ уште подзатскриено го критикуваат.

Саакашвили му се заблагодари на Чејни и на Западот за подршката „Заедно со нашите партнери ЕУ и САД повторно ќе ја обновиме Грузија. За мене е приоритет повторно да ја кренеме оваа голема нација и на светот да му испратиме порака дека во Грузија не може да биде згасната светлината на слободата“.