1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД за дипломатско решение за проблемот со Северна Кореа

Јужна Кореа го отфрли предлогот на Северна Кореа за воени разговори со цел намалување на тензиите. Владата во Сеул изјави дека тајмингот за преговори бил погрешен.

Џорџ Буш

Џорџ Буш

Понудата на Пјонгјанг доаѓа на два дена по севернокорејскиот тест на седум ракети, кои предизвикаа големи реакции во светот. Советот за безбедност на ОН ја продолжува дебатата околу прашањето во обид да се постигне согласност околу предлог резолуција за воведување санкции против Северна Кореа. Во меѓувреме американскиот претседател Џорџ Буш за поблемот телефонски разговарал со своите колеги од Кина и Русија, Ху Џинтао и Владимир Путин:

„Мојата порака беше дека сакаме да го решиме проблемот по дипломатски пат. Најдобриот начин тоа да се направи е преку заедничка соработка и испраќање иста порака до Ким Јонг Ил од кого очекуваме да се придржува до меѓународните норми и да го одржи зборот„ рече Буш и додаде:

„ Еден начин за испраќање на пораката е преку ОН. Јапонците поднесоа ртезолуција, која ние ја поддржуваме. Но работиме со нашите партнери за да бидеме сигурни дека ќе настаппиме единствени. На дипломатијата и е потребно време, посебно кога е работи со различни партнери„ рече Буш