1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

САД задоволни од изборите во Ирак

По првите слободни избори во Ирак по 50 години, генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ги повика Ирачаните на помирување. Сега е важно сите страни да учествуваат во подготвувањето на новиот устав, изјави Анан. Германската влада изборите ги оцени како важна етапа на патот кон демократски структури, а британскиот премиер изборите ги оцени како удар во срецето на тероризмот. ВО САД се искажува гол

Масовен одзив и кај жените во Ирак

Масовен одзив и кај жените во Ирак

емо задоволство за текот на првите слободни избори во Ирак.

Претседателот Буш му вети на Ирак продолжување на поддршката на сите нивоа. Во кусото обраќање на телевизијата, американскиот претседател Џорџ Буш изборите во Ирак ги означи како исклучителен успех и му честиташе на ирачкиот народ за храброста:

“Денес луѓето во Ирак му се обратија на светот, а светот го прими повикот за слобода од центарот на Блискиот исток. Во голем број и под големи ризици, ирачкиот народ го стави на проба својот ангажман за слобода и демократија. Со големото учество на изборите Ирачаните јасно ја одбија антидемократската идеологија на бунтовниците“.

Буш им се заблагодари на ЕУ и на ОН за техничката помош за изборите. Министерката за надворешни работи Кондолиза Рајс пак, изјави:

“Дали некој пред три години, кога Садам Хусеин се уште беше на власт, можеше да поверува дека толку луѓе ќе излезат на изборите и ќа ја искажат својата желба за демократски, стабилен и мирен Ирак“?

Американската влада е посебно охрабрена од извешатите според кои ирачките сили за безбедност многу активно учествувале во чувањето на редот и безбедноста за време на изборите:

“Ирачките сили за безбедност имаа добар ден. Генерал Кејси јави дека се однесувале одлично. Тоа е добар знак дека активно ја поддржуваат својата демократија“.

Со оглед на малото учество на изборите во сунитиските провинции, Рајс укажа на фактот дека механизмите се такви што и сунитското малцинство соодветно ќе биде застапено во подготвувањето на новиот устав. Посматрачите во САД текот на изборите го оценуваат как потврда за тоа дека бушовата стратегија во Ирак на крајот би можела да биде и успешна.

Во меѓувреме, се повеќе се шират шпекулациите за можно редуцирање на американските трупи. Министерката Рајс подвлече дека присуството на американсите сили во Ирак е под мандат на Обединетите нации. Сепак, таа не ја исклучи можноста во блиска иднина да додје до намалување на бројот војници. Весникот “Вашингтон пост“ јави дека армијата подготвува повлекување на околу 15 илјади војници од Ирак.