1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД загрижени поради ограничувањата за набљудувачите на изборите во Русија

*

Американската влада изрази загриженост поради одлуката на Русија да го ограничи бројот на странски набљудувачи на парламентарните избори во земјата . Фактот дека набљудувачите се поканети премногу доцна и само под опредеелни услови , дава повод за загриженост- изјави портпарол на Белата куќа. Во Русија на 2 декември ќе се избира нов парламент а владата во Москва , за нив покани далеку помал број набљудувачи за разлика од претходните избори пред четири години и го предупреди западот да не се меша во внатрешните работи на земјата.