1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

САД загрижени за независноста на медиумите во Македонија

Судството, медиумите и невладиниот сектор во Македонија се областите за чиј развој Вашингтон е загрижен, рече кандидатот за амбасадор во Скопје, Пол Волерс, во настапот пред Комитетот за надворешна политика на Сенатот.

default

Волерс посочи дека, по успешно спроведените парламентарни избори на 5. јуни, приоритети за Македонија се обезбедување на независно судство, слободни и независни медиуми и силно граѓанско општество. Во однос на прашањето со името, Волерс посочи дека натамошниот напредок во евроатланската интеграција на земјата зависи од неговото решавање. Побара силно лидерство од двете страни со цел изнаоѓање на решение.

„Ова е нешто повеќе од име. Ова е прашање на идентитет. Ние работевме во минатото и ќе продолжиме да го правиме тоа со македонските власти, како и со другата страна преку амбасадата во Атина. Ја посочуваме на двете страни потребата од придвижување напред по однос на ова прашање со големо чувство на компромис, со меѓусебна почит за историјата и традицијата, со чуство за волја да се направи болниот компромис, кој е неопходен за да се надмине ова деликатно прашање, прашање што е многу емотивно за двете страни“, рече Волерс, кој побара двете страни да се воздржат од провокации што би го отежнале изнаоѓањето на решение. Волерс оддаде почит за македонските војници во мисиите во Ирак и во Авганистан, нарекувајќи ја Македонија верен сојузник на САД. Пол Волерс, на функцијата треба да го наследи Филип Рикер, кој заминува во Вашингтон на позицијата заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот.

Автор: СН/ТТ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски