1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД до Северна Кореја – вака повеќе не може!

САД сакаат Северна Кореја повеќе да не провоцира. Оваа земја вчера во Јапонското Море пробно истрела ракети со мал дострел. За тоа информираа јужнокорејските медиуми. САД имаат нови мерки кои се сигнал до Пјонгјанг.

Во текот на воените вежби што се одржуваат во Северна Кореја нејзините вооружени сили извршија тестирања на две ракети во Јапонско Море.

Како одговор на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за засилување на санкциите против Пјонгјанг, заради неговата нуклеарна проба од 12 февруари, Северна Кореја секојдневно ја заострува ситуацијата, забележуваат јужнокорејските медиуми.

Според Сеул, Северна Кореја располага со повеќе од 1.000 ракети, од кои поголемиот дел се во состојба да нанесат удар врз Југот. Некои од севернокорејските ракетни системи се способни да погодат јапонски и американски воени бази во регионот на Североисточна Азија, посочуваат руските медиуми.

Nordkorea Missile Tests

Северна Кореја продолжува со своите ракетни тестирања, кои предизвикуваат распоредување на ракети во САД

Јужнокорејските вооружени сили сметаат дека истрелувањето на двете ракети е одговор на годишните американско-јужнокорејски воени вежби, што во моментов се изведуваат во Јужна Кореја. Аналитичари од Пјонгјанг оценуваат дека тестирањето на ракетите е и притисок врз Вашингтон да се согласи на разговори за разоружување во замена за помош.

По неодамнешните закани за напад од Северна Кореја, САД ја зајакнуваат својата ракетна одбрана на Западниот брег. Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел (на насловната фотографија) објави мерки кои до раководството во Пјонгјанг треба да испратат сигнал - вака повеќе не може. Хејгел изјави дека до крајот на 2017 година ќе бидат поставени дополнителни 14 копнени пресретнувачки проектили. Исто така, во договор со официјално Токио, во Јапонија ќе биде стациониран втор радарски ситем. САД досега има распоредено 30 ракети-пресретнувачи на Западниот брег, од кои четири се во Калифорнија и 26 на Алјаска. Дополнителни проектили се наменети и за Алјаска. Засилувањето со вооружување чини милијарда долари. Американскиот министер најави дека ќе се разгледува можноста и за распоредување проектили и на источниот брег на САД.