1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

САД: До октомври решавање на проблемот со името?

Прашањето на името е клучно за откочување на евроатлантските интегративни процеси на Македонија и треба да се работи конструктивно за наоѓање решение, порача во Скопје помошникот- државен секретар на САД, Филип Гордон.

default

САД сакаат стабилна Македонија

Силно го поддржуваме решавањето на проблемот со името со Грција и сметаме дека тој трае предолго. Прашањето на името е клучно за откочување на евроатлантските интегративни процеси на Македонија и затоа треба да работите конструктивно за изнаоѓање на решение со Грција. Кога тоа ќе се случи САД ќе бидат силни поддржувачи на договорот што ќе се постигне, порача помошник-државниот секретар за Европа и Азија Филип Гордон.
Во изјавата по средбата во Скопје со лидерот на ДУИ, Али Ахмети тој истакна дека имал одлична средба со него и дека му се заблагодарил за конструктивната улога што ја игра во земјата во промоцијата на меѓуетничките односи.
„ Му благодарам на Ахмети за силната изјава со која ги осуди неодамнешните насилства што ги видовме на границата, нешто што и САД остро го осудија“, изјави Гордон по средбата.
Тој истакна дека е во Скопје за да ја изрази силната поддршка што САД и ја даваат на Македонија.


Средби со Црвенковски и Иванов

Вашингтон е силно заинтересиран за политичката и безбедносната стабилност на Македонија, за нејзино успешно интегрирање во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ, изјави денеска претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски по средбата со помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Гордон, кој престојува во Македонија.

САД сметаат оти е крајно време да се надмине спорот со името со Грција околу уставното име на Македонија и на тој начин да се деблокриаат евроатлантските интеграции на земјата.

Според Црвенковски, периодот до јуни е краток за решавање на проблемот со името и дотогаш само треба да почне процесот. Од аспект на САД, како што рече, следната одредница која можеби e и побитна е самитот на Алијансата во октомври и почетокот на ноември во Португалија.

Во врска со меѓуетничките односи и двете акции на МВР, во кои беше запленето оружје, Гордон потенцирал дека радикалните и екстремните елементи се неприфатливи со нивните начини и методи на функционирање. Од другастрана, треба да се направи се‘ да се градат добри меѓуетнички односи во земјата, пренесе Црвенковски.

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Гордон денеска имаше средба и со претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски