1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД демонстрираат сила кон Северна Кореја

Во екот на постојаните провокации од Северна Кореја, САД испратија борбени авиони Ф-22 кон Јужна Кореја, кои треба да учествуваат на заедничките воени вежби со сојузникот.

Борбените авиони од типот Ф-22 Раптор спаѓаат во најмодерните кои ги има американската армија, тие се невидливи за радари. Двата авиона, со стелт-технологија, се префрлени од Јапонија во Осан, најголемата воена база на САД во Јужна Кореја. Тие се вклучија во американско-јужнокорејските воени маневри кои ќе траат до 30 април.

На тој начин САД упатија порака за одбрана на Сеул од интензивираната кампања на закани од Северна Кореја, како што коментираат аналитичарите. Во маневрите учествуваат и бомбардери Б-52 и Б-2.

САД истакнуваат дека Пјонгјанг со своите провокации нема ништо да постигне, освен натамошна изолација на земјата и поткопување на меѓународните напори за стабилност и мир во регионот.

Nordkorea / Kim Jong Un / Militärs

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун опкружен со блиските соработници

Претседателката на Јужна Кореја Парк Геун Хе на водството во Пјонгјанг му се закани со масивна и брза воена реакција. Во случај на провокација против Јужна Кореја и народот, ќе следи решителен одговор, без политички проценки, изјави Парк по консултациите во Министерството за одбрана.

Северна Кореја во саботатa дополнително ги засили тензиите со највата на владата на лидерот Ким Јонг Ун за воведување „воена состојба“ со Јужна Кореја. Иако, меѓу двете Кореи по Корејската војна (1950-1953) не постои мировен договор, формално тие и денес се наоѓаат во војна, зашто своевремено бил потпишан само договор за примирје. Во Пјонгјанг инаку денеска започнува годишната летна седница на Парламентот. Од ваквите средби обично произлегуваат подолгорочни смерници и кадровски решенија. Вчера беше соопштено дека за раководството на земјата најважни приоритети во моментов се развојот на атомската програма и подобрувањето на економската состојба.

Напнатоста на Корејскиот Полуостров особено порасна по третиот севернокорејски тест на атомско оружје во февруари. Пред три недели пак комунистичката земја им се закани со нуклеарен напад на САД, а во меѓувреме ги стави своите воени сили во состојба на борбена готовност и ја прекина последната директна воена комуникациска линија со Јужна Кореја.

По третиот атомски тест на Пјонгјанг, ОН ги заострија санкциите против Северна Кореја поради прекршување на меѓународните договори.