1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД демантираат дека постигнале согласност со Иран за преговори

Белата Куќа ги отфрли наводите на весникот „Њујорк Тајмс“, според кои САД и Иран постигнале согласност за водење на директни разговори околу спорната атомска програма на Техеран.

„Не е точно дека Соединетите Американски Држави и Иран се согласиле за директни преговори или пак каква било друга стредба по претседателските избори во САД“, изјави портпаролот на Националниот совет за безбедност во Вашингтон Томи Витор, решително отфрлајќи ги информациите што ги пренесе претходно весникот „Њујорк Тајмс“. Тој додаде дека се работи на тоа во рамките на Групата 5 плус 1, која ја сочинуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција) и Германија да се изнајде дипломатско решение за спорната иранска атомска програма.

Претходно весникот „Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на високи претставници на американската администрација јави дека двете земји за првпат се согласиле да водат директни разговори. Притоа иранските претставници опстојале на барањето, почетокот на преговорите да не биде пред претстедателските избори во САД на 6. ноември, за да се знае со кого во иднина ќе треба да разговараат, стои во извештајот на „Њујорк Тајмс“.

Томи Витор на вчерашната средба со новинарите истакна дека претседателот Барак Обама јасно укажал дека ќе го спречи Иран да дојде во посед на атомско оружје и оти е подготвен да стори се’ што е неопходно. Според портпаролот на Националниот совет за безбедност на САД, Иран е обврзан да докаже дека нема намера да создаде нуклеарно оружје, или во спротивно на земјата и се закануваат натамошни санкции и зголемен притисок од страна на меѓународната заедница.