1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД го смируваат Израел околу договорот со Иран

Официјален Вашингтон е во дипломатска мисија да го убеди својот најблизок сојузник Израел дека договорот со Иран не е спротивен со интересите на Тел Авив и не ја загрозува безбедноста на еврејската држава.

Американска дипломатска делегација, предводена од главниот преговарач Венди Шерман, пристигна во Израел со цел да ги информира израелските лидери за преговорите со Иран во Женева и да се обиде да ги смири стравувањата на Ерусалим. Преговорите во Женева за време на викендот не доведоа до потпишување на договор и ќе бидат обновени на 20 ноември. Според израелскиот весник „Маарив“, висок американски претставник истакнал дека олеснувањето на санкциите ќе биде „скромно“. Тој потенцирал дека барањето на Израел за зајакнување на санкциите „може да ги натера Иранците да ја напуштат преговарачката маса и да ја забрзаат својата нуклеарна програма“. Американскиот амбасадор во Израел, Дан Шапиро, денеска истакна дека Вашингтон никогаш нема да му дозволи на Техеран да произведе атомско оружје, обидувајќи се да го смири израелското јавно мислење околу евентуалниот договор со Иран.

„Во врска со ова прашање САД и Израел имаат еднакви приоритети“, нагласи Шапиро пред учесниците на Федерациите на еврејските организации во Северна Америка.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро го критикуваше договорот со Иран, оценувајќи го како „опасен“. „Иран не дава ништо, а добива многу. Тоа не е добар договор“, рече Нетанјаху, додавајќи дека тој договор се однесува и на „опстанокот“ на неговата земја.