1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

САД го обвинија „Дајмлер“ за корупција

Германскиот производител на автомобили „Дајмлер“ е обвинет во САД за корупција. Повеќегодишната истрага дошла до сознание-концернот го прекршил законот во најмалку 22 случаја, во Русија, Турција, Грција, Египет, Кина.

default

Централата на концернот Дајмлер

Секое претпријатие, кое е нотирано на американските берзи, како „Дајмлер“, на пример, е подложно на одредбите на американските закони кои се однесуваат на корупцијата. Истрагата против „Дајмлер“ е поведена по исказот на поранешен слободен соработник на концернот, дадена на сопствена иницијатива пред американските надзорни власти уште во 2004 година. „Дајмлер“ имал тајни сметки со пари за подмитување и тоа масовно и го користел. За први април е закажано рочиште пред судот во Вашингтон. Американското министерство за правосудство е убедено дека концернот од Штутгарт во периодот помеѓу 1998 и 2008 година го кршел законот. Во 22 земји било вообичаено да се обезбедат зделки преку подмитување на тамошните функционери, главно функционери од владите и управата, кои имале решавачки збор при набавките. Некогаш митото било маскирано како специјален рабат, некогаш како полезни трошоци или провизии.

Признаие на вината како тактика

Наводно централата на „Дајмлер“ за Германија, како и претставништвото во Русија, ја признале вината.

Symbolbild Mercedes Daimler

Објавувањето на судските акти укажува на тоа дека обете страни се стремат кон порамнување. „Дајмлер“ наводно е подготвен да плати 185 милиони долари, по половина за надзорната институција на американската берза и на федералното министерство за правда во Вашингтон. Официјално нема коментари од ниедна страна, но е сигурно дека правниците од „Дајмлер“ ќе се ориентираат според примерот од „Сименс“. Концернот од Минхен пред неколку години исто така беше соочен со обвинение за корупција, а новото раководство веднаш настапи кооперативно во однос на американските власти. На крајот плати 600 милиони евра, но се спаси од далеку повисока казна. Сега и „Дајмлер“ соработува со американските власти во расчистувањето на овој случај.

Автор: Силке Хазелман/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска