1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД го засилуваат притисокот кон Египет

САД сакаат да ја придвижат египетската преодан влада кон демократија. Најдоцна идната недела во Каиро ќе патуваат двајца американски сенатори на разговори со раководството.

Американскиот претседател Барак Обама побара од два републикански сенатора да отпатуваат во Египет и на тамошниот воен врв да му пренесат порака дека е потребно што побрзо да се одржат избори и да се воспостави цивилна власт. Републиканските сенатори Џон Меккејн од сојузната држава Аризона и Линдси Греам од Јужна Каролина би требалe да отпатуваат во Египет следната седмица.

Станува збор за двајцата највлијателни сенатори кога станува збор за надворешната политика.

„Претседателот побара од нас и јас реков дека би ми било мило. Сакаме да ја пренесеме заедничката порака дека убивањето на припадниците на опозицијата сe‘ повеќе личи на воен удар“, изјави Греам за медиумите, додавајќи дека ќе ја поттикне армијата да побрза со одржување на изборите за да се воспостави цивилна власт. Стабилноста на Египет е енормно важна за стабилноста во Блискиот Исток, затоа САД ќе направат се‘ за да ја воспостават, објасни Греам:

„Без Египет, Израел би бил опркружен се‘ повеќе од радикални држави“, изјави Греам.

Proteste Kairo Juni 2011

Со недели во Египет не престануваат протестите

Претседателот Барак Обама отстранувањето на египетскиот исламистички претседател Мохамед Мурси не го квалификуваше како воен удар, бидејќи тоа според американските закони би значело и запирање на воената помош за Египет во висина од 1,3 милијарди долари на годишно ниво. Меѓутоа, тоа би можело да предизвика и безбедносна дестабилизација на поширокиот регион, на што предупреди и Израел.

Претходно и ЕУ се обиде да изврши притисок во правец на поголема демократизација во Египет. Вторпат во дванаесет дена високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон беше во Каиро. Таа како прв западен политичар од повисок ранг имаше средба со пред еден месец соборениот претседател Мохамед Мурси. Европолитичарката разговорт со Мурси го оцени како „отворен и пријателски“. Мурси се наоѓа на непознато место за јавноста, а по разговорите Ештон изјави дека тој е во добра состојба.

Мурси е првиот слободно избран претседател во историјата на земјата. На 3. јули армијата насилно со собори од власт. Партијата која го поддржува, Муслимански браќа, оцени дека се работи за воен пуч и со недели нејзините следбеници протестираат за негово враќање на функцијата. На демонстрациите на викендот беа убиени најмалку 80 исламисти.