1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД го засилуваат присуството во Багдад

САД сакаат да ги прераспоредат своите трупи во Ирак за да можат да испратат дополнителни војници во Багдад.Тоа би била мерка против растечкото насилство во ирачкиот главен град,изјави американскиот претседател Џорџ Буш во Вашингтон при средбата со ирачкиот премиер Нури ал Малики.

Буш и Малики во Белата куќа

Буш и Малики во Белата куќа

Дневно во Багдад во напади просечно гинат по сто луѓе.Одговорт на тоа од американскиот претседател Џорџ Буш и премиерот Малики гласи:ни требаат повеќе трупи во Багдад.Без да споменува конкретни бројки,Буш изјави:

-Според советот на премиерот и нашиот командант во Ирак,генерал Кејси,во следните недели ќе бидат зајакнати трупите во Багдад.Тие ќе бидат доведени од други делови на земјата.

Колку војници ќе стигнат и од кои делови од Ирак,не е јасно.

Буш повеќепати повтори пред гостинот дека САД ќе останат ангажирани во Ирак:

-Јас го уверив дека оваа влада ќе остане зад ирачкиот народ.

Нури ал Малики рече дека неговата влада ќе направи се за да биде спречена граѓанска војна.Силите кои сакаат да ја користат религијата,мора да бидат потиснати.

Американскиот претседател Џорџ Буш и ирачкиот премиер Малики имаат различни ставови кон борбите во Либан.За Малики е јансо што има приоритет:

-Зборуваме за страдањата на еден народ,не на земја,не зборуваме за проверката на позицијата на некоја влада.Најважното што сакаме да го постигнеме е карј на убиствата и уништувањето.Потоа следи простор за меѓународните дипломатски напори.

За Буш има други приоритети.За него нема противречност меѓу дипломатските напори на неговата министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс и истовременото засилување на Израел со американски ласерски бомби,тие биле договорени претходно.