1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

САД ги поздравија напорите за надминување на грчко-македонскиот спор

Американскиот заменик-помошник државен секретар Филип Рикер вели дека дијалогот може да помогне да се реши деценискиот спор околу името.

САД ги поздравуваат сите напори за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција, вели заменикот помошник државен секретар на САД Филип Рикер, на прашањето за реакција по иницијативата на претседателот на македонската влада Никола Груевски за средба со грчкиот колега Андонис Самарас и формирање на заеднички тимови за решавање на спорот за името.

„Согласно мојата изјава во Скопје пред неколку недели, ние ги повикуваме Македонија и Грција да го искористат предлогот на Нимиц како основа врз која може да се ангажираат во дијалог и да го разрешат ова прашање. Ги поздравуваме сите напори кон оваа цел. Нашата позиција е непроменета“, изјави Рикер за МИА.

За време на својата јунска посета на Македонија, Рикер изјави дека е важно да се има дијалог, меѓу владите и во јавноста, каков што имало и меѓу Србија и Косово кои постигнаа согласност за нормализирање на меѓусебните односи и со тоа се отворија перспективите за евроинтеграциите на двете држави. Македонскиот премиер Груевски минатата недела упатил писмо до Самарас, во кое предлага создавање на тимови, предводени од нивна страна, кои би барале решение за спорот преку интензивни разговори со посредникот Нимиц. Претседателот на Владата на Република Македонија на Самарас му предложил и нивна меѓусебна средба, уште во текот на следната недела, за да се поттикне процесот на надминување на овој спор.

Поврзана содржина