1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД ги отфрла споредбите на Путин

*

САД ги отфрли споредбите на рускиот претседател Владимир Путин дека плановите за американскиот антиракетен штит во Европа се слични со кубанската ракетна криза од 1960 година. Вашингтон објасни дека има голема разлика меѓу одбрамбениот систем на САД кој е наменет за земји како Иран, и руското стационирање на атомски ракети на Куба насочени кон Америка. За американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс изјавите на Путин се вознемирувачки. Путин по самитот ЕУ Русија изјави дека планот на САД е сличен како акцијата на Советскиот сојуз, кога распореди проектили на Куба кои ја предизвикаа карипската криза”. Рускиот претседател нагласи дека тензиите се многу помали отколку во времето на кубанската криза бидејќи американско руските односи се многу подобрени од времето на студената војна. Путин изјави и дека нема да ги присвои претседателските овластувања ако стане премиер на Русија, кога на пролет ќе поднесе оставка на местото шеф на државата.