1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД ги засолнуваат своите дипломати

По новите „специфични“ закани, САД брзо реагираат: американското министерство за надворешни работи го повлече најголемиот дел од своите дипломати од пакистанскиот град Лахор.

Стејт департментот на САД нареди евакуација на речиси целокупниот дипломатски персонал од конзулатот во пакистанскиот град Лахор поради закана од терористички напад. Евакуирани се сите дипломати, чие присуство во Лахор не е апсолутно неопходно. Тие се префрлени во Исламабад.

Американски официјален претставник истакна дека евакуацијата е наредена поради закана конкретно насочена кон конзулатот во Лахор. Според него, ова е безбедносна мерка што не е поврзана со неодамнешното затворање на околу 20 американски дипломатски претставништва во земјите од Блискиот Исток и Северна Африка.

Стејт департментот, исто така, упати предупредување до своите граѓани да избегнуваат да патуваат во Пакистан. Предупредувањето е образложено со честите напади врз цивили, владини објекти и странски институции. Најголем дел од лидерите на терористичката мрежа се претпоставува дека се наоѓа во Пакистан. Таму беше пронјаден и поранешниот шеф на мрежата, Осама бин Ладен, пред да биде убиен од специјалната единица американски командоси.