САД ги заоструваат санкциите против Мијанмар | Теми на денот | DW | 20.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

САД ги заоструваат санкциите против Мијанмар

Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа во Вашингтон изјави дека санкциите се воведуваат заради глувоста на воениот режим во земјата за дијалог и ослободување на политичките затвореници

default

Буш со сопругата Лора и министерот Рајс

“Заради натамошните активности на овие лица и нивните помошници САД денеска воведуваат дополнителни санкции. Прво министерството за финансии ќе ги прошири финансиските санкции за уште 11 членови на хунтата во Мијанмар“ изјави Буш

Санкциите како што соопшти американскиот претседател опфаќаат и зсилување на извозното ембарго за производите од оваа земја. Буш побара од воениот режим во земјата да исполни одрдени услови доколку не сака да се соочи со уште потешки санкции:

“ Добар почеток би било да им се овозможи на меѓународниот црвен крст и останатите хуманитарни организации контакт со политичките затвореници. Да и се дозволи на Аунг Санг Чи и останатите припадници на опозицијата кои се во домашен притвор да комуницираат меѓу себе. Веднаш да се дозволи влез во земјата на специјалниот пртставник на ОН Ибрахим Габари“

Покрај ова властите треба да ги ослободат сите политички затвореници и веднаш да започнат преговори со демократската опозиција со посредство на ОН.

Буш ги поздрави заострените санкции од страна на ЕУ и останатите земји како Австралија. Тој ги повика Кина и Индија, да ја корегираат политиката кон Мијанмар. ЕУ во текот на минатата недела донесе одлука за забрана на увоз на дрво, метал и камен од оваа земја. Веќе се подготвува и ембарго за оружје и забрана за патување на 375 членови на владата. Инаку Кина. Индија и Тајланд важат за едни од најважните трговски партнери на Мијанмар. Од сите нив Кина најмногу го поддржува воениот режим во земјата.

Џорџ Буш во своето обраќање изјави дека светот во изминатите недели со вџашеност ги следел реакциите на режимот во Мијанмар за време на мирољубивите протести. Илјадници демонстранти се уапсени, десетици монаси се убиени. И натаму во домашен притвор останува лидерот на опозицијата и носител на нобеловата награда за мир Аунг Сан Чи. Властите во Мијанмар и натаму се глуви на повиците на западот за почеток на мировен дијалог. Доколку ова не се промени, како што предупреди Буш, следуваат заострени санкции.