1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД во контакт со Еквадор поради Сноуден

САД стапиле во контакт со владата на Еквадор поради барањето на Едвард Сноуден за азил во таа земја. Човекот што откри детали за американската и британската програма за надгледување, инаку, се‘ уште наоѓа во Москва.

Еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патињо соопшти дека американското министерство за надворешни работи се обратило до неговото министерство со усна порака. Тој пак, ги замолил САД да се обратат писмено. Американски дипломат во еквадорскиот главен град Кито го потврди за агенцијата АФП контактот на САД и Еквадор за случајот Сноуден. Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа во пред два дена најави дека барањето за азил на поранешниот соработник на американските тајне служби ќе биде разгледано со „големо чувство на одговорност“.

Во меѓувреме, венецуелскиот претседател Николас Мадури соопшти дека Сноуден (на фотографијата) не побарал азил во Венецуела, но дека доколку тоа го стори, барањето ќе биде разгледано. „Што би се случило ако светот дознае дека Венецуела шпионира? Сигурно ќе биде свикан Советот за безбедност“, рече Мадуро.

Сноуден, како што вчера (25.06) соопшти рускиот претседател Владимир Путин и натаму е „слободен човек“ во транзитниот дел на московскиот аеродром Шереметјево. Со оглед на тоа што Русија нема формален договор за испорака со САД, Сноуден не може да биде испорачан, нагласи рускиот претседател, додавајќи дека колку побрзо транзитниот патник се одлучи за целна земја толку ќе биде подобро „за нас и за него“.

Вашингтон пак, од Москва бара итна испорака на Сноуден. „Иако нема договр за испорака со Русија, правната основа за тоа е недвосмислена“, изјави Кејтлин Хајден, портпарол на Националниот совет за безбедност на САД.

Сноуден обелодени детали од програмите на американската и британската тајна служба за надгледување на интернет комуникациите.