1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД во долгови, но не се загрижени

Кризата во Грција, финансиските инјекции од ЕУ и од ММФ, тешки милијарди евра, и со нив растечките државни долгови, предизвикуваат загриженост во Европа. И во САД состојбата со американскиот државен буџет не е розова.

default

Бен Бернанке, шефот на Централната банка на САД, повторно даде знак за тревога. Тој во Вашингтон изјави: „Дури и ако економската состојба и финансиските пазари повторно се нормализираат, се чини дека државниот буџет се наоѓа на неодржлив курс, ако не следат натамошни политички мерки“, предупреди Бернанке.

Зашто, американскиот државен дефицит има огромни размери и постојано расте: моментно, државниот долг изнесува речиси 13 илјади милијарди американски долари.

Тоа значи, секој американски граѓани, од бебе до старец, е задолжен со околу 40 илјади долари. Проблемот е што каматите за овие долгови во меѓувреме се толку високи, што не можат да се отплатат дури ни со здрав економски раст. Државата во идните години ќе запаѓа се’ подлабоко во црвено салдо.

Американската влада превентивно, во февруари, ја покачи границата на задолжување на 14,5 илјади милијарди долари.

Неизбежни се болни одлуки

Причината за растечките трошоци Централната банка ја идентификуваше во растечките расходи во здравството и засиленото стареење на населението. Значи, ќе следат непријатни одлуки: „Конгресот, владата и американскиот народ мора да решат дали и како ќе ги модифицираат државните издатоци во здравството или социјалата, дали ќе ги ограничат државните давачки во други области или ќе ги зголемат даноците, или пак, комбинација од сето ова“, изјави Бернанке.

USA Notenbank Ben Bernanke von Barack Obama bestädigt

Бен Бернанке и Барак Обама

Здравствената реформа на американскиот претседател Барак Обама, озаконета неодамна, ни оддалеку не овозможува трошоците во здравството да се држат под контрола. Законот, на својот тежок пат на усвојување во Конгресот, загуби многу од својата потенцијална сила на заштеда. А Обама веќе вети дека нема да ги оптоварува со дополнителни даноци семејствата со примања под 250 илјади долари.

Се‘ уште значи не се посега по драстични мерки за штедење, иако сметката поради тоа долгорочно ќе излезе многу поголема.

Познат метод-комисија

Претседателот формираше комисија која треба да предложи одговорна даночна политика. Таа брои 18 членови од двете партии и треба да достави извештај до 1 декември. Но, не би требало да се очекува дека подготвениот план веднаш ќе биде усвоен од Конгресот, вели Роберт Шапиро, неформален економски советник на претседателот. Тој ситуацијата во САД не ја гледа толку драматично: „Нашите долгови изнесуваат околу 50 проценти од брутодомашниот производ, а ако на нив се додадат и долговите на владините институции и социјалните фондови, тоа се 60 проценти. На кратки патеки, немаме причина за загриженост. Американското стопанство може да ја плати оваа сметка“, тврди Шапиро.

Но, и тој признава дека долгорочно, и САД нема да можат да се справат со повисоки долгови, особено ако има нова финансиска криза.

Автор: Кристина Бергман/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска