1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД бара “робустен” мандат

Преговорите околу мировните трупи кои треба да бидат испратени на југот на Либан се уште траат. САД притиска, тие да добијат “робустен” мандат. Вашингтон и некои други земји бараат нова Резолуција во која јасно ќе се напишат задачите и обврските на сините шлемови во регионот. Времето притиска.

Џон Болтон, американски амбасадор во ОН

Џон Болтон, американски амбасадор во ОН

Дали тоа ќе бидат трупи кои само ќе го гарантираат мирот или активно ќе учествуваат во неговото креирање? Ова прашање се појави во дебатата околу тоа дали во мисијата УНИФИЛ се содржани сите обврски кои треба да ги имаат мировниците во Либан. За многу земји се уште е нејасен мандатот на овие трупи. Од друга страна планерите на мисијата во Њујорк залудно чекаат на конкретни и соодветни ветувања за трупи кои би биле претходница во регионот. Само Италија најави подготвеност да ја преземе командата врз трупите, и да испрати меѓу 2000 или 3000 војници.

Во меѓувреме САД притиска. Американскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон уште во понеделникот во Њујорк изјави:

“Се уште е се во подготвителна фаза, што е добро, но сепак морам да кажам дека нема сомневање дека трупите итно треба да бидат испратени, и дека времето е критично”.

САД нема да учествуваат во засилувањето на мисијата УНИФИЛ мисијата. Но, во Вашингтон знаат што сакаат во Рим или Мадрид: еден “робустен” мандат. Она што недостасува во првата резолуција, мора да биде надоместено и мора да биде содржано во втора Резолуција со јасно барање, смета Болтон:

“Разоружувањето на Хезболах, кое не се третира директно во Резолуцијата 1701 мора да биде земено предвид и тоа во најскоро време”.

САД исто така сакаат и нешто повеќе од само мисија која ќе се гржи за одржување на мирот – тие сакаат да мисијата да има робустен мандат во кој, ако треба, ќе се употреби и оружје за да се зачува мирот, како што дозволува членот 7 од Повелбата на ОН.

“Јасно е зошто земјите се неодлучни. Се работи за една многу тешка ситуација, во која примирјето е нестабилно. Ова е една од причините зошто ние и останатите се залагаме за робустен мандат и зошто мора тоа да се доразвие”.

Едно е јасно. Поради компликуваноста на ситуацијата потребно е време да се донесе одлука во СБ – време кое не им оди во прилог на луѓето во јужен Либан. Од друга страна робустен мандат го зголемува ризикот дека трупите на ОН ќе влезат во борби. Ризик од кој се повеќе земји се плашат.

Во процесот се вклучува директно и генералниот секретар на ОН, Кофи Анан. Тој ќе го направи она што САД го одбиваат – ќе оди во Сирија за да преговара за Хезболах.