1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД бараат сојузници во борбата против сајбер-нападите

Министерството за одбрана на САД одржува робустни меѓународни врски за да се овозможи колективна самоодбрана, се вели во најновата сајбер-стратегија на Пентагон, објавена синоќа во Вашингтон.

default

Во борбата против компјутерските хакери САД во иднина тесно ќе соработуваат со партнери од странство. Заменикот министер за одбрана, Вилијам Лин, при претставувањето на стратегијата меѓутоа истакна дека целта не е милитаризација на интернетот, туку само сака да овозможи сигурност на стратешките мрежи и да обебзеди посигурна заштита.

„Основиот акцент во стратегијата е ставен на надминување на опасноста од напад. Ако еден напад не го постигнува саканиот резултат, напаѓачите ќе имаат помала причина да не напаѓаат во сајбер-просторот“, нагласи Лин.

Според Пентагон, одбраната од сајбер-напади првенствено ќе биде насочена кон други држави, а не кон одделни транснационални групи, бидејќи најголемите напади ги извршуваат токму останатите земји.

Пентагон располага со над 15.000 компјутерски мрежи и седум милиони компјутери распоредени на стотици локации ширум светот. Мрежите на Пентагон секојдневно се изложени на милиони обиди за хакерски напади.

При кибернетски напад на системот на Пентагон во март годинава, хакерите добија пристап до 24.000 фајлови кои содржеа податоци поврзани со американската одбрана.

Според Лин, поради хакерски напади Пентагон досега претрпел загуби од илјада милијарди долари.

Автор: СН/ТТ/дв, миа

Редактор: Борис Георгиевски