1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД бараат поддршка за резолуцијата за Косово

САД со сојузниците во СБ на ОН, интензивно работат на обезбедување поддршка за нова резолуција за Косово, изјавис пецијалниот американски претставник за покраината, Франк Визнер. Визнер изјави дека е неопходно да се постигне согласност за конечниот текст на резолуцијата, кој би имал поддршка на ОН и би бил одраз на заклучоците содржани во планот на Марти Ахтисари. Но, рускиот амбасадор во Светската организација, Виталиј Чуркин во петокот изјави дека во СБ не се водат никакви преговори за американска нацрт резолуција за Косово, бидејќи разликите се се уште преголеми и може да се надминат само на повисоко ниво.