1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД бараат од Мушараф укинување на вонредната состојба

*

САД го зголемуваат притисокот врз пакистанскиот претседател Первез Мушараф. Заменик-министерот за надворешни работи Џон Негропонте по разговорите во Исламабад го повика Мушараф да ја укине вонредната состојба во земјата, да ги ослободи уапсените опозиционери и повторно да поведе разговори со Беназир Буто, која ја предводи опозицијата. Според весникот „Њујорк Тајмс“, американската влада со тајна програма вредна 100 милиони долари го подржува Пакистан во обезбедувањето на неговата атомска програма.