1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД бараат Кина да ги ослободи демонстрантите од Тјенанмен

На 23-годишнината од масакрот на „Плоштадот на небесниот мир“ во Пекинг, САД ја повикаа Кина да ги ослободи демонтрантите кои се‘ уште се во затвор.

САД денеска ја повикаа Кина да ги ослободи сите затвореници уапсени поради учество во продемократските демонстрации од пред 23 години. Овој повик се совпадна со годишнината од задушувањето на протестите на централниот плоштад Тјенанмен во Пекинг. Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Марк Тонер го повика Пекинг да ја каже целата вистина за убиените, приведените и исчезнатите и да ги прекине континуираните репресии врз демонстрантите и нивните семејства.

Кинеската армија, на 4 јуни 1989-та година, ги растури продемократските демонстранти, употребувајќи тенкови и боева муниција. Нема официјални податоци за жртвите, но оценките варираат од стотици до над илјада убиени, околу 10.000 повредени и илјадници приведени.