1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД бараат дипломатско решение за сирискиот конфликт

Новиот американски министер за надворешни работи Џон Кери на првата турнеја што ќе ја има во странство за цел има барање мировно решение за граѓанската војна во Сирија. Тамошните бунтовници јавуваат за борбени успеси.

По средбата со јорданскиот министер за надворешни работи Насер Јудех, Џон Кери (насловна фотографија) во Вашингтон изјави дека веќе има соодветни замисли за мировно решение за сирискиот конфликт и сака да ги изнесе уште овој месец при патувањата во Европа и на Блискиот Исток. Целта е постигнување решение на сирискиот конфликт преку преговори, заради избегнување дополнително насилство и вакуум во власта.

„Тоа може да се покаже како неможно“, изјави Кери. Но, САД се должни кон сирискиот народ да ги преземат сите можни напори за наоѓање дипломатско решение. Кери меѓутоа не соопшти никакви детали за него.

Истовремено, наследникот на Хилари Клинтон на чело на Стејт департментот го истакна повлекувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад како неминовно. Меѓународната заедница мора да ги спречи неговите планови, и покрај извршувањето секојдневни масакри, да се одржи и натаму на власт:

„Верувам во постоење натамошни мерки кои би можеле да ги преземеме, а со кои би ги промениле неговите сегaшни ставови“, рече Кери.

Syrien Rebellen nehmen Flughafen Jarrah ein

Бунтовниците во Сирија се концентрираат на заземање аеродроми

Жестоки борби кај Алепо

Во Сирија, во меѓувреме, борбите меѓу владините трупи и бунтовниците не стивнуваат. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон известува за жестоки борби околу аеродромот во Алепо и два соседни воени аеродроми. Еден од нив, кој е стратешки важен за безбедноста на аеродромот во Алепо, бунтовниците го имаат „под речиси целосна контрола“. На страната на владините трупи се убиени повеќе од 40 војници, меѓу кои и двајца бригадни генерали, соопшти Опсерваторијата.

Syrien Bürgerkrieg Mehr als 70.000 Tote

Десетици илјади жртви во борбите

Уште во вторникот бунтовниците, како што тврди Опсерваторијата, ја презеле контролата врз воениот аеродром Ал-Џирах во провинцијата Алепо. Во изминатите недели бунтовниците, според сопствени наводи, се концентрирале засилено врз преземање на аеродроми и воени бази за да стигнат до муниција и да ја спречат армијата во употребата на борбени авиони.

И од предградијата на главниот град на Сирија, Дамаск, се јавува за повторни борби. Активистите сведочат за авионски напади врз позициите на бунтовниците. Тие пак очигледно, вторпат од јули минатата година, се обидуваат да продрат во центарот на Дамаск. Проверката на ваквите информации е исто толку тешка како и на оние кои стигнуваат од режимот, зашто новинарите не можат да работат слободно во завојуваната земја.

Русија планира натамошни испораки на оружје на Сирија и покрај разгорената граѓанска војна. Шефот на рускиот концерн за оружје со монополска положба, Росборонекспорт, Анатоли Исакин, аргументираше дека ОН немаат изречено забрана за трговија со оружје со Сирија. Русија главно продава дефанзивни одбранбени системи, како на пример противракетната авионска одбрана. Не се испорачува офанзивно оружје, како борбени авиони, хеликоптери или оклопни возила, тврди тој. Владата во Москва е најважниот поддржувач на режимот во Дамаск. Русија во Советот за безбедност на ОН постојано ги спречува построгите резолуции против власта во Дамаск со помош на своето право на вето. Во граѓанската војна во Сирија, во изминатите 22 месеци, според податоците на ОН, биле убиени околу 70 илјади луѓе.