1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

САД:пренесен само дел од анализата за тероризмот

Американската влада со критика реагира на новинарскиот извештај во весникот „Њујорк тајмс“,во кој е цитирана анализа на тајните служби за влијанието на ирачката војна врз порастот на тероризмот во светот.Новинарскиот извештај не ја донесува целосната содржина на анализата,изјави портпарол на владата во Вашингтон

Ирак,постојани терористички напади

Ирак,постојани терористички напади

Шефот на американската тајна служба Џон Негропонте потенцираше дека во написот во весникот се изнесени само еден дел ,и тоа мал,од завршните заклучоци,иако анализата дава нуди сеопфатна проценка на тероризмот во светски рамки.Критиката на владата е упатена на статијата која се појави во саботниот број на „Њујорк тајмс“.Таа се повикува на анализата на тајните служби дека ирачката војна ја зголемила опасноста од тероризмот во светот.Американската инвазија,како и последиците од скандалот со мачење затворенции во затворот Абу Гариб во Багдад,потоа логорот Гвантанамо, довеле до создавање нова генерација исламски фундаменталисти,независни едни од други и без тесни контакти со Ал Каеда,гласи проценката која била направена во април 2006 година.

Многумина експерти за тероризам на тоа предупредуваа уште одамна.Во претседателската изборна борба пред две години предизвикувачот Џон Кери од опозиционите Демократи му го префрли на својот ривал Џорџ Буш токму тоа што сега го пренесува „Њујорк тајмс.“

Сега американскиот претседател Џорџ Буш и неговите владеачки Републиканци едне месец пред изборите за Конгресот се наоѓаат под очигледен притисок.Претседателот само пред неколку дена ја бранеше ирачката војна пред растечкиот број критичари во земјата:

„Често сум прашуван,зошто сме ние во Ирак,иако Садам Хусеин нема врска со нападите од 11 септември:неговиот режим беше преголем ризик за светот“,рече Буш.

За него војната во Ирак е централен фронт во војната против теророт,иако според анализата од весникот,таа тоа станала дури по војната.Демократите со Џон Кери сега бараат брзо повлекување на американските трупи од Ирак:

„Републиканците сакаат да ги добијат изборите со нивното продолжуваме така и натаму, јас не сакам да сосечувам,но тие напротив лажат и умираат“,изјави Кери.