Садех Зибакалам ја доби Наградата за слобода на говорот | Свет | DW | 13.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Садех Зибакалам ја доби Наградата за слобода на говорот

Доделувањето на Наградата за слобода на говор беше врв на Глобал медиа форумот во Бон. Добитник годинава е иранскиот политиколог Садех Зибакалам, храбриот критичар на иранската влада.

Кога генералниот директор на ДВ, Петер Лимбург, му ја додели наградата на Садех Зибакалам, иранскиот политиколог само кратко уживаше во овој посебен момент. На носителот на наградата му беше важно веднаш да разјасни некои работи: „Десетици други Иранци повеќе ја заслужуваат оваа награда од мене, затоа што се зад решетки за своите уверувања и мислење.“

Зибакалам ги наброи луѓето кои се уапсени поради сомнителни причини или се во домашен притвор без судски процес: новинари, адвокати, жени и активисти за човекови права, синдикалци, студенти, уметници, дисиденти, опозиционери, екологисти и верски мислители. „Тоа зборува многу за состојбата со човековите права во Иран.“

Социјалните медиуми би можеле да го променат Иран

Во својот говор Зибакалам ја објасни борбата за демократија и за слобода на мислење и на печат во неговата татковина низ историјата и фрли оптимистички поглед кон иднината: „Борбата за демократија во Иран во последните две децении направи мал, но чувствителен напредок.“

Ако во времето пред револуцијата немаше независен печат, односно имаше само државни издавачки куќи, денес во Иран постојат повеќе весници кои може да се наречат независни. За Зибакалам е уште поважна улогата на социјалните медиуми. „Тие се моќен инструмент за поддршка на курсот на политичка отвореност и демократија во Иран, и покрај тоа што државата постојано се меша и се обидува да ги замолчи.“

Зибакалам на крајот на својот говор наградата му ја посвети на Абас Амир-Ентезам - политички затвореник кој е најдолго во затвор во Иран. За носителот на наградата „поранешниот вицепремиер со својот 27-годишен престој во зтаворот Евин е симбол на борбата за демократија и слобода во модерен Иран“. Амир-Ентезам беше осуден на доживотна робија во 1981 година поради наводна шпионажа во полза на САД.

Peter Limbourg (DW, Director General, Germany) and Deutsche Welle Freedom of Speech Award Laureate 2018 Sadegh Zibakalam (Tehran University, Professor of Political Science, Iran) (DW/U. Wagner)

Токму на денот на доделување на наградата Зибакалам наполни 70 години

Наградата за слобода на говорот на ДВ е сѐ порелевантна

Дојче веле ја доделува Наградата за слобода на говоро до 2015 година. Таа оди во рацете на личности или иницијативи кои на впечатлив начин во медиумите се ангажирале за човекови права и слобода на мислење. Генералниот директот на ДВ, Петер Лимбруг, ги објасни уште еднаш причините поради кои ДВ ја доделува наградата: „Ние не можеме да ги извадиме луѓето од затвор, но можеме да сториме нешто со тоа што како медиум обезбедуваме широка јавност!“ Наградата која дава платформа за слобода на мислење сѐ повеќе добива на релевантност, нагласи Лимбруг.

Во 2015 година наградата ја доби саудискиот блогер Раид Бадави кој сѐ уште е во затвор. Во 2016 година таа му беше доделена на главниот уредник на турскиот весник Хуриет, Седат Ергин. Минатата година, пак, наградата отиде во рацете на асоцијацијата на дописници од Белата куќа ВХЦА.

Freedom of Speech Award (DW/U. Wagner)

Наградата за слобода на говорот се доделува од 2015 година

Годинешниов избор на добитникот предизвика протести меѓу Иранците во егзил во Германија. Тие го обвинуваат Зибакалам дека во минатото, па и денес, е преблизок со исламската влада. Зибакалам постојано нагласува дека сака да го промени иранскиот систем одвнатре. Неодамна, по едно интервју за ДВ, беше осуден на 18 месеци затвор од страна на суд во Техеран поради тоа што остро ја критикуваше иранската влада. Обвинувањата на судиите гласат „пропаганда против поредокот на Исламска Република Иран“ и „ширење лажни информации“.

WWW-линкови

Поврзана содржина