1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Саат-кулите во Македонија: Жал за времето

„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето, туку тој жали поради минувањето на животот и времето и вика: Ах !“- пишува на арапски на влезот во саат-кулата во Прилеп. Од 21 саат-кули во РМ, половина се урнати.

Архитектката Мирјана Димовска-Чоловиќ, пензиониран виш конзерватор од Управата за заштита на културното наследство на РМ, во својата публикација за саат-кулите во Македонија од 2008 година има напишано дека изградбата на овие објекти на Балканот под Османлиската империја започнала во средината на XVI век. Заради читање на времето, на кулите се поставувани јавни часовници на едната, или на сите четири страни. Тоа е „значенска архитектура“: ако една населба добиела саат-кула, тоа означувало дека таа не е веќе „касаба“, мало градче, туку „шехер“, веќе развиен град. И покрај сите различности во стилскиот пристап при конципирањето на архитектонската форма, неизбежни се културални и цивилизациски паралели меѓу саат-кулите градени во Османлиското царство, во тие рамки и во Македонија, со изградените часовници-кули во Москва, и Венеција, со „Биг Бен“ кулата во Лондон ... Со градбата на тие кули во рамки на тогашна отоманска Турција и Македонија се наоѓаше во тренд на „европеизирање“ на своите градови.

Камбанарии од цркви приспособени како саат-кули

Првата саат-кула на територијата на денешна Македонија, а некои сметаат и во целата Отоманска империја, била изградена во Скопје, во периодот меѓу 1566 и 1572 година. Со своите 39,8 метри таа е највисоката саат-кула во Македонија. Патописците од различни култури и вери изградбата на скопската саат кула му ја припишувале на христијанското население.

Prilep, Mazedonien

На саат кулата во Прилеп пишува: Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето, туку тој жали поради минувањето на животот и времето

„Меѓу највпечатливите се скопската, битолската, прилепската, велешката и гостиварската саат-кула. Саат-кулите се граделе најчесто од богати поединци и еснафите во градовите. За тоа давале пари сите граѓани. Изградбата на саат-кулата укажувала на економската моќ и важноста на градот како трговски центар. Тие објекти биле уникатни, визуелно доминантни и претставувале ориентири во градовите. Сите кои се сочувани се регистрирани споменици на културата“, вели Димовска-Чоловиќ.

Поради потребата за јавни часовници во градовите и голем број камбанарии од црквите биле приспособени да вршат и втора функција - како саат-кули. Такви се саат-кулата – камбанарија на црквата Св. Никола во Крушево, саат-кулата – камбанарија на црквата во Берово и други објекти.

Зоран  Павлов, раководител во Управата за заштита на културното наследство на Македонија, прецизира: „Денес постојат 12 саат-кули во Скопје, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Гостивар, Свети Николе, Кратово, кои се целосно сочувани, како и 3 во Кочани, Неготино и Стар Дојран, кои се наоѓаат во урнатини, или во остатоци. Со материјални докази и стара фото документација е потврдено постоење вакви кули во Тетово, Кичево, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Струга, Куманово и Дебар.“

Започна да се спасува „Кривата кула од Прилеп“ од паѓање

„Забот на времето“ неумоливо го уништува ова вредно недвижно културно-историско и градителско наследство на Македонија.

Павлов истакнува: „Состојбата на зачуваните саат-кули е задоволителна: поголем број од нив и денес ја вршат својата функција. Се чинат напори за конзервација и заживување на ваквите објекти, кои се сочувани во остатоци. Во изминатите години, први конзерваторско-реставраторски зафати беа

Bildergalerie beliebte Reiseziele Großbritannien Parlamentsgebäude in London

Биг Бен е заштитен знак на Лондон - само една година по нејзината градба е изградена саат кулата во Прилеп, во 1858 година

преземени на саат-кулата во Гостивар и на онаа во Кратово, која е претворена во изложбен простор. Проектот за конзервација и заживување на саат-кулата во Стар Дојран ќе се реализира наскоро. Ваков проект е изработен и за саат-кулата во Неготино, но, не е спроведен.“

„Кривата кула од Прилеп“, како што се нарекува сликовито саат-кулата во овој град, била изградена со средствата на граѓаните во 1858 година, само една година по прочуената „Биг Бен“ кула-часовник во Лондон. Од разни причини, за неколку децении оваа саат-кула се навалила дури за 85 сантиметри од својата оска. Деновиве започна нејзината санација, со цел да и‘ се врати статичката стабилност и да проработи механизмот за отчукување на времето. За тоа ќе бидат издвоени вкупно околу 80 илјади евра од државниот и општинскиот буџет. Деновиве заврши првата фаза од реставрацијата и конзервацијата и на симболот на Гостивар – саат-кулата.

„Во втората фаза од проектот наредната година ќе се уреди внатрешноста на овој објект од 17-иот век“,  изјави за медиумите Аднан Фејзулаи, директор на националниот конзерваторски центар од Гостивар. За заштитата и новиот изглед на кулата ќе се вложат околу 30 илјади евра.