1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сааб се враќа во живот

Откако пред две и пол години шведскиот производител на автомобили Сааб отиде во стечај, се чинеше дека традиционалната марка заминува во историјата. Но, со помош на кинески инвеститори фабричките ленти повторно се вртат.

За овој термин шведската министерка за економија Ани Лоф мораше да најде време - по двегодишна пауза поради банкрот во централата на Сааб во југозападна Шведска повторно е почнато производството. Со кинеска помош, автомобилите повторно се на производните ленти, и тоа врз база на последниот модел кој го продуцираше стариот концерн Сааб. Во иднина производството ќе се насочи кон електро и автомобили на гас, чија просечна цена ќе биде околу 35 илјади евра

Кинеските инвеститори влегоа во Сааб преку холдинг фирма откако концернот прогласи стечај во 2011 година. Во иднина сакаат да продуцираат електрични возила, во Шведска и во две фабрики во Кина, а целта им е кинескиот пазар.

„Последниве години Сааб изгради име во Кина. Имаше позитивни, но и негативни шпекулации, но во најголем дел тоа беа добри вести, и мислам дека многу луѓе во Кина ќе го сакаат Сааб, како електричните возила, така и конвенционалните“, вели Каи Џохан Џианг, претставник на новоформираната компанија- National Electric Vehicle Sweden.

Но и Швеѓаните ќе можат повторно да уживаат во возилата од нивната традиционална марка. Изненадувачки, но тоа значи нова иднина за Сааб во татковината, иако ќе бидат вработени само неколку стотици поранешни работници.