1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сааб заминува во историјата

Иднината на шведскиот производител на автомобили, Сааб е во рацете на судиите. Компанијата побара заштита на доверителите. Доколку судот го отфрли барањето, компанијата ќе мора да банкротира.

default

Шведскиот производител на возила веќе со месеци не може да си ги плаќа сметките. Затоа, снабдувачите престанаа да испорачуваат делови, производството е на тенок мраз уште од парил годинава. Од август годинава повеќе нема пари ниту за плати, Сааб остана без пари, а долговите растат. Во првата половина од годинава, загубите беа 244 милиони евра. Притоа беа продадени речиси 13 илјади возила, повеќе од пред една година.

„Во нашите депоа повеќе немаме возила, сите се распродадени. Со тие пари ќе бидат исплатени платите, а со снабдувачите мораме да постигнеме договор за да го продолжиме производството“, вели Јоаким Линд, дилер на Сааб.

Autokonzern Saab beantragt Insolvenz SAAB-Fabrik Trollhättan

Само да беше се’ толку едноставно како кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те години. Тогаш Швеѓаните беа далеку пред конкуренцијата со новиот модел на Сааб 9000. Возилото беше едно од првите со вграден патен-компјутер, една од најголемите иновации. Но, други успешни иновации изостанаа.

Денес, според автомобилските експерти, и покрај долгата традиција, Сааб нема шанси против останатите автомобилски производители.

Автор: Данијел Вивишевиќ/Борис Георгиевски

Редактор: Симе Недевски