1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Руско-кинески дијалг на највисоко ниво

Рускиот претседател Владимир Путин од денеска престојува во дводневна посета на Кина и веќе имаше средба со шефот на кинеската држава и партија Хи Џинтао

Путин и Ху

Путин и Ху

Русија и Кина се согласија спорот околу иранската атомска програма да се најде пред Советот за безбедност на ОН, но заедничко за обете земји е и дека имаат економски интереси во Иран: Русија таму гради атомски централи, а Кина од таму задоволува најголем дел од своите енергетски потреби. Попрецизни податоци за разговорот на двајцата државници засега нема. На кинеската државна телевизија е прочитано заедничкото соопштение во кое, со поглед кон Тајван, се вели: „Обете земји се согласни дека меѓусебно ќе ги усогласуваат своите директиви за зачувување на територијалните граници на државите. Русија и натаму ќе ја поддржува политиката за една Кина и ќе признава дека има само една кинеска влада“.

Енергетската политика беше во фокусот на разговорот меѓу Путин и Ху. Склучени биле повеќе договори, објави телевизијата: „Три договори меѓу кинеското национално Петролејско друштво и Газпром, руското друштво за експлоатација на гас, содржат спогодби за испорака на гас на Кина“. Кинеското раководство е посебно заинтересирано за одамна дискутираниот нафтовод од Сибир кон Пацификот и понатаму до Јапонија. Преку една гранка од тој нафтовод Кина би добивала 30 милиони тони нафта годишно, неопходна за економијата која бележи брз пораст. Но, тука има проблеми и надежите остануваат ограничени и по денешните разговори. Само е речено дека се работи врз натамошен напредок по тоа прашање.