1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Руски претседател до 2024!?

Руската владејачка партија Единствена Русија денеска официјално потврди дека лидерот на партијата и руски премиер Владимир Путин ќе биде нејзин кандидат за претседател на Русија на изборите во март 2012 година.

default

Владимир Путин

„Единствена Русија го предлага својот лидер Владимир Владимирович Путин за местото претседател на Русија“, се наведува во соопштението на партијата објавено на партиската интернет страница.

Со ова партијата и официјално ја потврди одлуката донесена на партискиот конгрес на 24 септември за кандидирање на Путин за руски претседател. Во рамките на уставните измени што ги предложи актуелниот шеф на државата Дмитриј Медведев, во иднина мандатот на рускиот претседател ќе трае шест наместо досегашните четири години, што значи дека Путин ако добие два мандати ќе може да биде претседател на Русија до 2024 година.

Автор: ГЧ/дв/миа

Редактор: Александра Трајковска