1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Руски маринци наскоро во Сирија?

Русија се подготвува да испрати маринци во Сирија ако случајно е потребно да го заштити персоналот или да ја повлече опремата од медитеранското пристаниште Тартус

Информацијата за можна акција во Сирија за заштити на рускиот персонал и дислоцирање опремата од руската морнаричка база во средоземното пристаниште Тартус, ја дал неименуван офицер од морнаричката команда. Министерството за одбрана и морнарицата одбиваат да коментираат. Според информациите што ги пренесе новинската агенција Интерфакс два големи брода за истоварување на единици се подготвуваат да запловат кон Сирија, доколку е потребно и со маринци.

„Бродовите, екипажите и маринците се способни, доколку е потребно, да ги обезбедат руските граѓани и да ја преместат сопственоста од логистичката база во Тарус“, изјавил за агенцијата неименуваниот висок морнарички офицер.

Официјалниот став на Русија е дека ја користи базата во Тартус за потребите на нејзините бродови кои пловат во регионот, вклучувајќи ги и оние кои учествуваат во антипиратските операции во Аденскиот залив каде што соработуваат со НАТО

Сирија наоѓа цврст поддржувач во официјална Москва, купува оружје од Русија вредно милијарди долари и и’ дозволува на земјата да го користи пристаништето.