1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Руски капитал создава работни места на Запад

Руски олигарси сакаат парите, се’ едно како дошле до нив, да ги вложат на Запад за да им донесат профит, за да добијат ноу-хау или само за да го донесат своето богатство на сигурно. Оправдана ли е задршката на Западот?

default

Седиштето на Газпром во Москва

Во московското сити се градат обладокери обложени со стакло, се градат луксузни станови. На многу градилишта, па и кај новиот хотел во изградба директно на Црвениот плоштад, стои табла на „Хохтиф“. Најбогатиот човек во Русија Олег Дерипаска, или рускиот алуминиумски цар - како што го нарекуваат, сака да заработи во тој градежен бум во Русија, оти многу ќе се гради и за потребите на зимската олимпијада што ќе се одржи во Сочи 2014-та, па купи сопственички удел во германското градежно претпријатие „Хохтиф“ и во австрискиот „Штрабаг“. Милијардерот Керимов, пак, го продаде својот удел во Газпром, Сбербанк и во други руски претпријатија, за сега да стане акционер во Дојче банк.

На Запад капитал вложува и руската државата

Една фирма од државниот холдинг од авиоиндустријата ОАК пролетта со мнозински удел ги презема бродоградилиштата во Росток и Варнеминде. Таму сака да гради специјални бродови за експлоатација на гас и нафта во Арктикот.

Овој пример покажува дека не се на место начелните задршки на Запад во однос на рускиот капитал, истакнува Владислан Белов од Европскиот институт на Академијата на науките: „Купувањето на бродоградилиштата во источна Германија покажува дека руските инвеститори не одат само по профити, туку ја имаат предвид и социјалната компонента. Во тие градилишта, на пример, ќе бидат зачувани работните места“.

Медведев: инвестициите немаат шпекулативен или агресивен карактер

И покрај сета скепса, инвестициите од Русија растат и само во Германија од 2003-та до 2006-та се зголемија за четирипати, достигнувајќи 3,4 милијарди. Се купуваат претпријатија од козметиката, модата, туристички агенции, па дури и телевизиски станици. „Баронот на челикот“ Мордашов има повеќе од 15 проценти од туристичкиот концерн ТУИ, Александар Лебедев фрли око врз агенцијата Егертурс, а телевизискиот продуцент Лесневски ја презема таканаречената Четврта телевизиска програма.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев на Петерсбуршкиот економски форум на почетокот на јуни уверуваше: „Посебно би сакал да спомнам дека нашите инвестиции во странство немаат шпекулативен или агресивен карактер. Многу примери јасно покажуваат дека нашите претпријатија не само што ги задржуваат постоечките работни места, туку делумно создаваат и нови“.

DW.COM