1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Руските офицери се вратија во Москва

Четворицата руски офицери коишто беа уапсени во Грузија под обвинение за шпионажа синоќа пристигнаа во Москва. Грузија претходно овие офицери и ги предаде на ОБСЕ.

Путин ја обвини Грузија за провокација

Путин ја обвини Грузија за провокација

Предавањето одеше во живо на грузиската телевизија, но претходно претставник на грузиското јавно обвинителство, го потврди обвинението за шпионажа на четворицата Руси, по што грузискиот министер за надворешни работи Гела Бежуашвили официјално ги предаде офицерите на претстедавачот на ОБСЕ, белгискиот министер за надворешни, Карл де Гухт.

Руските офицери по доаѓањето во Москва изјавија дека она што им се случувало во Тбилиси било провокација и дека за време на нивното апсење имало многу правни прекршоци и дека сите учесници во истрагата биле однапред инструирани против руските офицери.

Еден од офицерите појасни дека видео снимката која ја прикажало министерството за внатрешни на Грузија и на кое се докажува неговата шпионска работа е монтиран. „На видео снимката воопшто не беше мојот глас“, рече офицерот Александар Сава.

За ситуацијата со Грузија синоќа телефонски разговарале и американскиот претседател Џорџ Буш и рускиот претседател Путин. Телефонскиот разговор бил на иницијатива на САД,а во него Путин истакнал дека вмешувањето на трета страна во односите меѓу Русија и Грузија претставува опасност по мирот и стабилноста во регионот и дека тоа би можело да биде протолкувано од страна на грузиските власти како поддршка на деструктивната политика на Тбилиси.

Од друга страна грузискиот претседател Сакашвили изјави ние сме за развивање на односите со Москва,а не за прекин, но додаде:

„Мислам дека пораката на Грузија до нашиот сосед Русија е дека што е многу многу е. Ние сакаме добри односи. Сакаме да бидеме конструктивни. Сакаме дијалог. Но не може да не третираат како второкласен двор на некаква империја која постои во главите на некои политичари“, рече Сакашвили.