1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Руските Козаци во нов поход

Козаците порано им помагаа на руските цареви во обезбедувањето на границите на царството и во освојувањето нови земји. Денес тие се поблиски до моќниците од кога и да е досега и повторно треба да се грижат за границите.

Времињата кога руските Козаци се фаќаа само за ладно оружје се одамна минато. Во кадетското училиште во Ставропол, во јужна Русија, учениците денес учат модерна воена техника.

Руските сили за безбедност повторно се баран работодавач. И овде, во специјалните единици на кадетското училиште, секој може да ги прати своите деца на обука за Козаци.

Притоа станува збор за многу повеќе отколку само за умешност со камшик и сабја. „Козак е православен воин“, вели едно момче, млад Козак.

„Козак е значаен човек, кој достоинствено ја носи својата козачка шапка и ја брани татковината“, дополнува друг млад Козак.

Сето ова има благослов од Кремљ. Државното раководство стравува од исламистички тероризам од немирното жариште - Кавказот.

Kosaken Miliz

Козачка милиција

Христијанските православни Козаци треба да помогнат да се пригуши оваа опасност. Освен тоа, Козаците треба да им помогнат на честопати корумпираните државни службеници да стекнат повеќе респект и авторитет.

Исламистички терористи досега не им паднале во мрежата при заедничките патроли. „Овде констатираме секакви можни деликти: службениците запленуваат дроги или нелегално огнено оружје. Има вандализам, тепачки, одвреме-навреме кражби“, вели Вадим Стадников, козачки командант.

Конфликтот со муслиманското население во регионот е од дамнина. Тоа станува јасно кај реката Кубан, на неколку часа возење со автомобил кон запад. Во времињата на царевите, империјата оттука се прошири кон Кавказот. А во тоа помогнаа Козаците, застрашувачките коњаници.

Тамошното муслиманско население честопати давало отпор. „Нашите предци со сопствената крв се изборија за овој регион. Секој метар земја овде е натопен со крвта на Козаците. Тогаш многу граници на руската империја минуваа по должина на реките. Затоа места како ова се многу важни за нас“, нагласува наставникот Дмитри Булјеков.

Козаците се повеќе од фолклор

Russland Kosaken

Руските Козаци во Втората светска војна

Историски погледнато Козаците, кои овде им оддаваат почит на своите предци, не се засебно племе. Во 15. век Козаците беа побегнати робови, кои се обединија како „слободни воини“. Долго време бестрашните коњанички единици живееја слободно, додека царска Русија во 18. век не ги вклучи во својата армија. Раскинот со државата се случи за време на Советскиот сојуз: комунистите ја угнетуваа гордата каста воини.

Специјално воведениот државен регистер на Козаците во меѓувреме опфаќа речиси еден милиони членови. Не потекнуваат сите од козачко семејство, како Димитри Булјеков. Денес е доволно да се споделуваат нивните вредности - и да се биде православен христијанин.

За Стадиков бизнисот со државно регистрираното патролирање се одвива добро. Вадим Стадников и неговите колеги патролираат под државна закрила - и не само со полицијата. Негов главен налогодавач е Руската православна црква, која како и Кремљ, сака да ги користи Козаците за сопствени цели. Стадников и неговите соработници редовно ги пребаруваат црквите во градот од можни експлозиви.

Меѓутоа, првенствено станува збор за тоа да се демонстрира сила. Козаците на југот на Русија одамна се повеќе отколку само фолклор. Русија повторно, како некогаш во царските времиња, ги има своите „слободни воини“. Но, сега без коњ и сабја.