1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Руските агенти порачуваат машини за пишување

Во време кога тајните служби масовно собираат податоци од граѓаните, ги преминуваат сите граници, тајните како да не постојат. Дури ни кај тајните служби. За такви случаи постојат - машини за пишување и тоа во Германија.

За Федералната служба за државна безбедност, ФСО, во Русија, архивирањето информации преку дигитален пат е премногу ризично. Затоа побараа помош во Германија и тоа во претпријатието кое во својата понуда сѐ уште има предмети кои воденешно време само малкумина ги користат. Станува збор за машини за пишување. И покрај дигиталните начини на комуницирање, фирмата „Олимпиа бизнис системс“ од Хатинген уште ги нуди овие апарати. Тие сѐ уште се барани во странство.

„Нарачувачите секако не се од најмладата генерација, туку оние кои на своите бироа сакаат да го имаат она чии квалитети се докажани и кои воедно имаат одреден отпор кон комјутерската техника“, вели Андреас Фостиропулос од оваа фирма.

И покрај побарувачката, нема механички машини за пишување

Еден од нарачувачите е и руската разузнавачка служба ФСО. Таа своите навистина тајни, интерни информаци не сака да ги архивира и пишува на компјутер, туку на класична хартија. А тоа функционирасамо со помош на машини за пишување, а „Олимпија“ во својата понуда уште има повеќе модели.

„Во понудата имаме уште два вида преносни електрични машини за пишување и два компактни модели. Тие се разликуваат, во зависност дали имаат вграден дисплеј или не“, вели Андреас Фостиропулос.

Досега оваа фирма годишно продава околу 3 илјади машини за пишување по цена од 150 до 300 евра.

„Но, би можеле да продадеме многу повеќе и тоа неколку илјади. Посебно во земјите во развој во кои снабдувањето со електрична струја не е совршено, односно, често доаѓа до исклучување на струјата, таму побарувачката по механички машини за пишување е уште голема. Ние пред две-три години во тие земји продадовме цели контејнери вакви машини. Но, сега тоа не е можно. Причината е во тоа што фабриката која ги произведува за нас, е затворена. Но, побарувачката во секој случај постои“.

Затоа „Олимпија“ денес на понуда нема веќе механички, туку само електрични машини за пишување. За нив постои побарувачка во цел свет.

„Имаме клиенти на Средниот и Блискиот Исток. За нив се разбира произведуваме машини со арапско писмо. Тоа не е никаков проблем“, додава Андреас Фостиропулос.

Било да сетанува збор за арапско писмо, кирилица или кинески и јапонски знаци, ова претпријатие во Хатинген вработува околу 60 работници, произведува се‘, без тешкотии.

Проблем со електричните машини за пишување

Годишната заработувачка на „Олимпија Бизнис Системс“, кој произведува и мобилни телефони, изнесува вкупно околу 33 милиони евра. Два процента од тоа беше заработувачката од машини за пишување. И покрај порачката од ФСО, во Хатинген остануваат реалисти:

„Не сакаме да си замислуваме нешто само врз основа на актуелната ситуација и порачката од ФСО. Мораме да бидеме реални. Машините за пишување сигурно ќе бидат присутни само уште неколку години, но тие сигурно не спаѓаат во технологијата на иднината“, вели Андреас Фостиропулос.

Но, оваа стара технологија во никој случај не есигурна од денешните системи на шпионирање. Барем ако се користат ленти како оние за машините кои ги порача ФСО.

„Се работи за ленти кои се доста сигурни. За разлика од карбонските, овие текстичните воопшто не можат да бидат пречукани. Тоа значи ако добијам в раце касета во која се наоѓа карбонска лента, текстот кој е чукан на неа, можам многу лесно да го реконструирам повторно. Кај текстилните ленти тоа е поинаку. Овде не е можна репродукција“..

Освен тоа, ова претпријатие од Хатинген произведува неколку модели апарати за уништување на пишани документи, односно хартија. Но, за овие модели засега уште ниедна разузнавачка служба не покажала интерес. Барем не службено.

Што се однесува на ФСО и нивната порачка, како што велат во „Олимпија“, тие ќе мора да причекаат неколку, можеби четири месеци. Вакви апарати имено веќе не се произведуваат во Германија, туку во една фабрика во Кина. Притоа се поставува прашање дали Кинезите при производството технички ќе ги „подготват“.

„За тоа не размислувавме. Но, претпоставувам дека ФСО добро ќе ги испита пред да почне да ги користи“, вели Андреас Фостиропулос. Според него, машините за пишување се вистински начин за пишување интерни информации на разузнавачките служби. До документите пишувани на овој начин, со своите методи не би можела да дојде ниту американската НСА.

„Навистина не знам како би можело да се стигне до тие хартии. Не постојат никакви врски, мрежи, жици или кабли“.

Во врска со порачката од Русија, „Олимпија Бизнис Системс“ нема да заработи богатство. Волуменот на порачката изнесува 486. 540 руски рубљи, а тоа пресметано во евра изнесува само 11.600. Но, од друга страна, ФСО на оваа фирма во секој случај ѝ донесе голема реклама за која не требаше ништо да се плати.