1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рускиот „Северен поток“ ќе потече кон Европа

Денеска (08.11) ќе биде пуштен во употреба гасоводот „Северен поток“, со кој низ Балтичкото море ќе се снабдува Западна Европа.

default

Гасоводот „Северен поток“ кој ќе обезбедува природен гас од Сибир за Западна Европа денеска ќе биде пуштен во употреба. Гасоводот, руска инвестиција вредна 7,4 милијарди евра, е со должина од 1.200 километри и води низ водите на Балтичкото море до германскиот северен брег. Со него се заобиколуваат постоечките копнени гасоводи кои водат низ Украина и Белорусија. Гасоводот ќе ги обезбедува потребите на Германија, Холандија, Белгија и Франција.

Russland Deutschland Wirtschaft Nordstream Gerhard Schröder

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер

На чело на проектот е поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, а на свеченото отворање денеска ќе присуствуваат и рускиот претседател Дмитри Медведев и германската канцеларка Ангела Меркел.

Идни проблеми за Украина и Белорусија?

Аналитичарите предупредуваат дека најголеми губитници со овој проект се Украина и Белорусија, но и Полска, која е заобиколена со рутата, иако е зависна од рускиот гас. Официјална Москва изминатите години во неколку наврати влезе во конфликт со властите во Минск и Киев околу цената на гасот, поради што беа блокирани испораките за Западна Европа. Со новиот гасовод, таквите проблеми се надминуваат, но Украина и Белорусија сега можат да се соочат со проблеми со снабдувањето, доколку не ги почитуваат договорите со Русија.

Автор: БГ/СН/афп/дпа

Редактор: Е. М. Фиданоска