1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рускиот гас не тече кон Европа

По повеќедневни натегања, денеска повторно потече руски гас преку Украина во правец на ЕУ, но кратко потоа испораката е запрена. Русија ја обвинува Украина за блокада на транзитот на гасот.

default

Потрошувачите нестрпливо чекаат на рускиот гас

Натегањата во спорот околу гасот немаат крај. Само неколку часа откако беше објавена повторната испорака на природниот гас од Русија преку Украина кон Европа, транзитот е запрен.

Заменикот шеф на рускиот концерн „Гаспром“ Александар Медведев изјави дека Украина го блокира протокот на гас кон Запад. Суштинскиот конфликт меѓу Москва и Киев за повисоки цени на гасот и транзитните такси, и натаму останува нерешен.

Gasstreit Russland Ukraine Gazprom

Заменикот шеф на „Гаспром“ Александар Медведев

Кризна седница на ЕУ министрите за енергетика

Министрите за енергетика од земјите на ЕУ вчера во Брисел одржаа кризна седница посветена на проблемот со гасот. Од таму стигна најава дека Европа сака да стане независна од руските испораки на гас.

Jose Manuel Barroso EU Pressekonferenz in Brüssel

Жозе Мануел Барозо очекува Русија да ги одржи ветувањата

Еврокомесарот за енергетика Андрис Пибалгс синоќа ја објави и добрата вест на која чекаа милиони луѓе:

„Верувам дека ги решивме проблемите со руската страна. Сега е важна целосна поддршка од Украина, зашто тоа е решавачко за успехот, за кој трите страни работеа со иста цел: потрошувачите повторно да добијат гас“, изјави Пибалгс.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо изјави дека се надева дека рускиот премиер Владимир Путин ќе го одржи ветувањето за испораката на гасот. Не можеме да прифатиме никакви натамошни пролонгирања и извинувања, зашто граѓаните во Европа седат во студ и не го добиваат гасот за кој платиле, потенцираше Барозо.

Москва одби да го спроведе претходно постигнатиот договор за повторна испорака на гас, откако Украина направила дополнување на веќе потпишаниот документ посредуван од ЕУ. Во нејзиното еднострано придодадено објаснување на спогодбата Украина демантираше дека има долгови кон рускиот концерн „Гаспром“ и дека краде од гасот кој транзитира низ нејзина територија во правец на Европа. Овие дополнувања сега не се дел од договорот.