1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рускиот брод „Шокалскиј“ заробен во поларниот мраз

Три мразокршачи не успеаја. Сега со хеликоптер треба да бидат спасени патниците на бродот „Академик Шокалскиј“, кои веќе шест денови се заградени од поларниот мраз на Антарктикот.

Снежна бура ја спречи последната спасувачката акција на 74 луѓе, кои се дел од експедиција на Антарктикот со рускиот брод „Академик Шокалскиј“. Австралисикиот кршач на мраз „Австралиска поларна светлина“ се приближи на 18 километри до заглавениот брод, но поради временските услови мораше да ја прекине спасувачката акција. „Натамошно пловење ќе беше премногу опасно“, соопшти спасувачкиот центар на австралиските власти за поморска безбедност.

Тоа беше третиот и последен кршач на мраз во регионот на 2.800 километри јужно од австралискиот град Хобарт, кој можеше да биде употребен за спасувачката акција. Кинескиот мразокршач „Снежен змеј“ не успеа минатиот петок да се пробие до рускиот брод, додека еден француски брод ја откажа спасувачката акција уште пред воопшто да се доближи до бродот. Останува уште спасувачка акција со хеликоптер, но за тоа се потребни поволни временски услови.

Нема опасност за патниците

Патниците на бродот не се во опасност, нагласи спасувачкиот центар. Расположението било добро и залихите биле доволни за повеќе недели.

На бродот „Академик Шокалскиј“ се наоѓаат 74 научници, туристи и членови на екипажот. Тие во меѓувреме се шест денови затворени во поларен мраз. И покрај ваквата ситуација некои од патниците утрово испратија радосни видео пораки. „Ова е фантастична авантура“, вели еден турист облечен во дебела зимска опрема и со капа на главата. „Ние очекувавме авантура, но ова ги надминува сите очекувања“, се вели во пораката.