1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Руска амнестија и за активистите на „Гринпис“

Русија ги затвора криминалните случаи против екипажот на бродот на „Гринпис“. Со тоа сите 26 странци, кои беа обвинети за хулиганство, конечно ќе можат да ја напуштат Русија.

„Три активисти од 'Гринпис' официјално се информирани за затворање на криминалните случаи“, рече портпаролката на „Гринпис Русија“ Марија Фаворскаја. Според неа, останати 30 обвинети активисти наскоро ќе добијат слични известувања.

Greenpeace Aktivisten Arctic Sunrise Festnahme 19.9.2013

Фотографија од апсењето на активистите на „Гринпис“

Со овој потег, кој е дел од амнестијата на Кремљ, 26-те странци конечно ќе можат да ја напуштат Русија. Групата од „Гринпис“ беше приведена и обвинета за хулиганство, поради нејзиниот протест против дупчењето во Арктикот од страна на „Газпром“. Демонстрантите беа приведени во септември и беа држени во притвор два месеци, пред да бидат пуштени со кауција минатиот месец. Првично беа обвинети за пиратство, а потоа обвинението беше преиначено во хулиганство. На 26-члена, кои не се руски државјани, не им беше дозволено да ја напуштат земјата, поради очекуваниот судски процес.

Минатата недела беше донесен Закон за амнестија, со кој се очекува и членовите на „Гринпис“ да бидат ослободени од сите обвиненија. Адвокатите на оваа организација веќе подготвуваат документи за излезна виза на активистите.

Овозможување тие да се вратат дома, во ноември побара и Меѓународниот трибунал за правото на пловидба. Русија тогаш одговори дека не ги признава одлуките на тој суд во случајот со акцијата на „Гринпис“.