1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Руската полиција уапси четворица опозициски лидери

Руската полиција денеска уапси четворица руски опозиционери со цел да ги спречи да учествуваат во забранетиот протест во Москва против претседателот Владимир Путин. Народот излезе на улица и покрај студеното време.

Намерата на собирот е одбележување на првата годишнина од најмасовните протести кои избија против Путин откако тој дојде на власт пред 13 години. Полицијата е на местото на протестот, а хеликоптери надлетуваат над демонстрантите.

Russische Opposition Proteste gegen Vladimir Putin

Сергеј Удаљцов ги поздравува приврзаниците додека полицијата го апси

И покрај ризикот да бидат уапсени, демонстрантите излегоа на улица извикувајќи „Слободни политички затвореници“ и „Надолу со полициска држава“, а на транспарент беше напишано „Измамници и арамии“ – популарен слоган кој се користи за опишување на руското лидерство.

Левичарот Сергеј Удаљцов и блогерот, кој пишува за корупција, Алексеј Навални беа уапсени на централниот плоштад Лубјанка, каде сведоци велат дека денеска (15.12) се собрани околу 2.000 лица, а лидерите на протестите Илја Јашин и Ксенија Собчак беа уапсени додека оделе кон местото на собирот.

„Крвавиот режим ја собра Собчак“, рече Навални пред и тој да биде уапсен, зборувајќи за 31-годишната поранешна социјалистка, која и’ се приклучи на опозицијата иако нејзиниот починат татко некогаш беше градоначалник на Санкт Петербург и близок сојузник на Путин.

Ksenia Sobchak

Телевизиската презентерка Ксенија Собчак му заврте грб на Путин

Московските власти одбија да дадат дозвола за протестите, а полицијата ги предупреди насобраните граѓани да си одат. Луѓето излегоа на протест и покрај многу студеното време од минус 15 Целзиусови степени.

„Не знам колку луѓе се собрани тука, но сум горд на сите оние кои дојдоа. Главната работа е дека луѓето се овде, дека го искажуваат своето гледиште и покажуваат дека постојат“, им рече на новинарите адвокатот Навални.

Откако полицијата го уапси, тој на Твитер напиша: „Тоа е традиција, а твитов воопшто не е оригинален, пред полициски кордон. Ме извлекоа од толпата, тоа е сосема апсурдно“.

Russland Moskau Demonstration Oppositionsführer Festnahme

Алексеј Навални исто така заврши во притвор

Протестот го организира Советот за координација на опозицијата, кој го предводи Навални. Руските власти вчера соопштија дека покренуваат нова истрага против Навални, кој е обвинет за перење пари и измама вредна 55 милиони рубљи или 1,3 милиони долари. Триесет и шест годишниот Навални во јули беше обвинет и за кражба, бидејќи наводно организирал план за кражба на околу 500.000 долари од една државна компанија за дрвена граѓа. Навални ги отфрли таквите обвинувања.