1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Русија ќе профитира од кризата во Либија

Последиците од востанието во Либија врз светскиот пазар на нафта внимателно се следат во Русија. Актуелната ситуација е искористена и за рускиот концерн „Гаспром“ да се презентира како партнер од доверба.

default

Русија само во јануари произведе 43 милиони тони сурова нафта. Таа земја е еден од најважните испорачувачи на енергенси за Европа, која, пак, би сакала да може да ја намали својата зависност од тие испораки. Кризата е како добредојдена за Русија да се потврди во улогата на сигурен партнер. „Европа има во Русија докажан партнер и не мора да бара алтернативи во апарскиот свет, за таму да се соочи само проблеми“, нагласува Константин Симонов од рускиот Фонд за национална енергетска сигурност.

Но, во минатото не беа секогаш руските испораки толку сигурни, колку што сака Москва да ги прикаже. Спорот со Украина околу цената на гасот за таа земја, на пример, доведе до прекин на испораките на гас. Москва сега може да се радува на порастот на цените на нафтата и гасот и на добивката на концерните како „Лукоил“, „Роснефт“ или „Гаспром“, кој на многумина во Европа им е сомнителен, оти го сметаат за продолжена рака на Кремљ. Алексеј Милер, шеф на „Гаспром“, не може да го прикрие чувството за одредена сатисфакција: „Поради безредијата безусловно би требало во ЕУ наново да се преоцени сигурноста на испораките“.

Русија ќе профитира од кризата во Северна Африка. „Гаспром“ годинава очекува рекордни приходи.

Автор: Александра фон Намен/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска