1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија ја отфрли новата резолуција за Сирија

Во вчерашните (30.01) судири во Сирија загинале стотина лица, меѓу нив 55 цивили. Русија пак, оцени дека резолуцијата на ОН за земјата е неизбалансирана и отвора можност за странска интервенција во Сирија.

default

Жестоки борби во предградијата на Дамаск

Русија нема да ја поддржи новата нацрт-резолуција за Сирија, соопшти во пресрет на дебатата во Советот за безбедност на ОН руското Министерство за надворешни работи.

Новата резолуција која ја изготви Арапската Лига со поддршка од западните земји, предвидува оставка на претседателот Башар ал-Асад и формирање преодна влада во земјата.

Насилството во Сирија ескалира

Syrien Soldaten Deserteure

Дезертери од сириската армија кои и‘ се приклучиле на бунтовничката Слободна армија на Сирија

Русија оцени дека резолуцијата е неизбалансирана и отвора можност за странска интервенција во Сирија.

Во предлог-резолуцијата, сепак, не е вклучен и членот 7 од Повелбата на ОН, со кој се овозможува употреба на сила за да се спроведат одлуките на ОН.

Во вчерашните судири во Сирија повеќе од 100 луѓе ги загубиле животите. Најголемиот дел од жртвите загинале во регионот Хомс, кој е седиште на отпорот против претседателот Башар ал-Асад. 55 од загинатите се цивили, а меѓу жртвите има и 25 припадници на сириската армија и 10 војници-дезертери кои се борат на страната на бунтовниците.

Автор: БГ/СН/афп/миа

Редактор: Е.М. Фиданоска