1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија ја одбива последната резолуција за Косово

*

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска повторно се заложи за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово. При тоа треба да се најде нов посредник на ОН, побара Лавров, нагласувајќи дека досегашниот Марти Ахтисари мора да биде сменет поради пристраност. На средбата во Москва со кинескиот колега по функција Јанг Јиечи, Лавров ги отфрли твредањата на Ахтисари дека Русија со блокадата на решението ја слабее позицијата на меѓународната заедница.