1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија ја одбива последната резолуција за Косово

*

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска повторно се заложи за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово. Лавров смета дека во таков случај неопходно би било присуството на меѓународни посрединици. Лавров ја кометираше и изјавата на Марти Ахтисари дека требало да се намали статусот на Русија во ОН, како неумесна. Русија синоќа ја отфрли и најновата предлог резолуција за идниот статус на покраината, оценувајќи дека и покрај другата формулација, станува збор за истиот план за статусот на Косово кој го поддржуваат западните земји.