1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија фатила американски агент

Руските специјални служби за безбедност денеска соопштија дека во Москва привеле агент на американската ЦИА, кој се обидувал да поткупи еден руски агент. Американецот потоа и бил предаден на амбасадата на САД.

default

Амбасадата на САД во Москва

Американскиот амбасадор Мајкл Мекфаул е свикан денеска во руското министерство за надворешни работи откако лице вработено во амбасадата на САД во Москва биле приведено при обид да регрутира руски разузнавач да работи за американската тајна служба ЦИА.

Министерството потврди дека Макфаул е повикан во министерството , но не даде повеќе детали. Претходно руската Федерална служба за безбедност соопшти дека во текот на ноќта го привела Рајан Фогл, вработен како трет секретар на политичкиот оддел на амбасадата на САД , за кого тврди дека е агент на ЦИА:

„Кај него се пронајдени специјална техничка опрема и инструкции за еден руски граѓанин (припадник на безбедносните служби) кој Фогл се обидел да го подмити со голема сума пари. Пронајдена е и опрема за промена на физичкиот изглед“ се наведува во соопштението на ФСБ.

Приведениот Американец е однесен во ФСБ и по неопходната процедура и е предаден на американската амбасафа. ФСБ додаде дека во последно време американската тајна служба ЦИА ќесто се обидува да поткупи припадници на руските безбедносни служби.